Достапни линкови

Ризик од тероризам во Анкара и во Истанбул


По нападот во Анкара на 13 март

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска ја информира јавноста дека властите ги засилиле безбедносните мерки во Анкара и Истанбул поради ризикот од тероризам, пренесува ТАСС.

Ситуацијата во престолнината и во другите големи градови во Турција е напрегната по нападот во Анкара на 13 март, во кој загинаа 37 лица и над 120 беа ранети. Одговорноста за нападот ја презеде „Јастреби за слободата на Курдистан“, вооружена група за која се смета дека е поврзана со Курдската работничка партија.

Во Анкара по нападот беа засилени проверките на автомобили, на улиците дежураат повеќе полицајци, зголемени се и мерките за безбедност и контролата на посетителите во големите трговски центри, како и набљудувањето на ситуацијата по улиците на места каде се собираат многу луѓе.

XS
SM
MD
LG