Достапни линкови

Вести

Претседателот Иванов бара американска поддршка за Самитот на НАТО

Претседателот Ѓорге Иванов денеска го прими Хојт Брајан Ји, заменик помошник на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Иванов, биле разменети мислења за билатералните односи меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, за состојбите со европската и евроатлантската перспектива на нашата земја, за актуелностите во однос на бегалската и мигрантската криза, како и за внатрешните политички предизвици во Македонија. Претседателот Иванов истакнал дека Македонија очекува одлучна американска поддршка во пресрет на Самитот на НАТО во Варшава во јули 2016 година. Тој исто така рекол дека политичките лидери мора да го спроведат тоа што го договориле во Пржино за да има фер, слободни и демократски избори. Хојт Ји, кој престојува во Македонија, денеска имаше средба и со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, како и со јавниот обвинител Марко Зврлевски.

види ги сите денешни вести

Холандската амбасада во Скопје дементира дека Холандија го поддржува ветото за С. Македонија

Холандската амбасада како лажни ги оцени информациите дека Холандија ја поддржала Бугарија во блокирањето на преговарачката рамка за Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во Европската унија.

„Холандија сметаше и се уште смета дека Северна Македонија има постигнато добар напредок и дека меѓувладината конференција може да се одржи веднаш штом ќе се усвои преговарачката рамка“, се вели во реакцијата од холандската амбасада во Скопје.

Од Амбасадата за „360 степени“ потенцираат дека известувањата во некои медиуми дека Холандија ѝ дала поддршка на Бугарија во блокирањето на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ се целосно неосновани и лажни вести.

Претходно, бугарскиот весник „24 часа“, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел, објави вест во која се тврдеше дека Данска и Холандија се двете земји кои се приклучија кон бугарското вето за Северна Македонија.

Намален бројот и на вработени и на невработени

Во третиот квартал стапката на невработеност во земјава изнесува 16,5 отсто. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, таа бележи пад од 0,2 отсто во однос на претходниот квартал кога изнесувала 16,7 отсто.

Бројките покажуваат дека е намален бројот на активното население. Во овој квартал има 941.136 лица кои се активно население, од кои вработени се 785.561 лице, а невработени 155.575 лица. Во претходниот квартал активното население броело 964.248, вработени биле 799.546 лица, а невработени 159.623 лица.

Меѓу невработените кај категоријата од 25 до 49 години стапката на невработеност е 16,1 отсто, додека кај оние од 50 до 64 години 12,6 отсто.
Меѓу невработените имаме околу 3000 лица без образование.
Сектори каде имаме најголем број вработени во третиот квартал се преработувачката индустрија со 154.842 лица и трговијата на големо и мало 114.336 лица.

Орбан продолжува со блокадите на европскиот буџет

Виктор Орбан.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска повтори дека Будимпешта нема да прифати клаузула за владеење на правото поврзана со буџетот на ЕУ и фондот за закрепнување од последиците на коронавирусот, што го натера Брисел да ги предупреди Унгарија и Полска дека Унијата е подготвена да продолжи и без нив.

Полска и Унгарија блокираат околу 1,8 билиони евра средства на ЕУ, вклучително и околу 750 милијарди евра кои треба да бидат распределени наскоро за ѝ помогнат на Унијата да излезе од рецесијата предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Двете земји се под истрага од ЕУ за нарушување на независноста на судството, медиумите и невладините организации, и ризикуваат да го изгубат пристапот до десетици милијарди евра поради новововедената клаузула за владеење на правото.

Орбан за националното радио изјави дека образложението во прилог на регулативата, која предизвика висок член на полската влада да каже дека Полска може да го прифати пакетот, е неприфатливо за Будимпешта.

„За нас ова решение, прикачувајќи некаква изјава како белешка за потсетување на парче хартија не функционира“, рече Орбан.
„Унгарија инсистира овие две работи да бидат разделени“, рече тој.
Будимпешта и Варшава соопштија дека ќе делуваат и ќе гласаат заедно за прашањето за владеење на правото, и Орбан рече дека ќе се држи до договореното.

Тој рече дека нема брзање за постигнување договор за буџетот на ЕУ оваа година, додавајќи дека ако нема договор до јануари, ќе има подоцна.
„Оставете го правниот статус непроменет и се ќе оди мазно и брзо“, рече тој.

Еврокомесарот за економија Паоло Џентилони ги предупреди двете земји дека ЕУ е подготвена да „продолжи“ без нив ако не престанат со противењето.

„Мислам дека сме многу јасни кон овие земји-членки дека продолжиме без нив, но јас сум убеден дека на крај ќе постигнеме договор“, рече тој.
Извори од ЕУ вчера ги потврдија медиумските извештаи дека има план да им се овозможи на останатите 25 земји-членки да дадат зелено светло за помошта против коронавирусот, заобиколувајќи го противењето на овие две земји.

Џентилони рече дека фактот дека Германија, најмоќната економија во ЕУ, моментно е претседавач со Унијата може да биде „добра предност во барањето решение“.

Нови 43 пациенти примени во ковид – центрите во Скопје

Клиника за инфективни болести, Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 443 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекува 21 пациент, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 43 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 13 пациенти, а на ОРЛ 22 болни.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 104 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти, од кои 4 деца и 30 возрасни.

Вкупно 443 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид – 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

За македонскиот јазик и идентитет никој нема право да разговара, тврди Спасовски

Оливер Спасовски

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се нешто за кое никој нема право и не разговара во ниту еден момент, за тоа не може да се разговара. Можеме да разговараме за сите други прашања што претставуваат некаков интерес, меѓутоа не и за прашањата кои се наш идентитет и наш јазик, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во однос на преговорите со Бугарија, Спасовски нагласи дека како Влада прават напори за на принципиелна основа да се постигне компромис во однос на отворените прашања.

„Секако дека секој има право и можност како ќе постапува во тој дел. Ние остануваме посветени на нашиот европски пат, ќе направиме се за да ги реализираме овие европски аспирации. Како Влада покажавме во изминатите години дека знаеме да решиме прашања, да затвориме тешки прашања, знаеме да ги отвориме перспективите за граѓаните, меѓутоа тоа мора да биде на принципелна основа, на почитување на едни со други, на помирување едни со други и тоа се принципите на кои ќе мора да работиме и понатаму“, изјави Спасовски.

Тој вели дека историјата ќе ја остават на историчарите и тие нека разговараат за тоа што се случувало во минатото, но дек ане треба да се останува заробен во минатото.

Прашан дали бугарското „не“ за почеток на преговори со ЕУ може да влијае врз безбедносната состојба, министерот за внатрешни работи одговори дека нарушување на безбедносната состојба нема и не може да има.

Експлозија пред зградата на РТС во Белград

Зградата на РТС, архивска фотографија

На паркингот пред зградата на РТС во Белград утрово одекна експлозија, во која едно лице загина, а две се потешко повредени, јави дописникот на МИА од Белград. Загинал 65 годишен работник, а двајца други работници на возраст од 64 и 50 години се однесени во болница. Работниците вршеле поправка на системот за климатизација на РТС. Од детонацијата неколку автомобили на државната телевизија се уништени, а искршени се и прозорците на зградата на РТС.

Таргет-Тврдина: Поранешен полициски командир бара отштета за прислушувањето

Armenia -- Court, generic.

Следното рочиште за судскиот предмет „Тврдина-Таргет“, е закажено на 9 декември. Меѓу денешните сведоци во овој предмет беше и поранешниот командир на полициска станица Карпош, Бојан Величковски, кој рече дека се сомневал дека бил незаконски прислушуван и од тие причини поднел барање до СЈО, за да се утврди дали бил незаконски следен. Тој вели дека од овој случај е длабоко навреден, бидејќи скоро четврт век е поврзан со полицијата и од службата не цел ниту денар. Тој бара отштета од 20 илјади евра.

До Судот се поднесени 105 писмени пријави за предјавување на оштетно побарување за случајот „Тврдина-Таргет“.
Денеска сведочеше и поранешен командир на полициска станица Ѓорче Петров, Марјан Младеновски, кој, како што вели, незаконски бил прислушуван 150 дена.

Судењето за овој случај го води кривичниот совет предводен од судиите Џенета Бегтовиќ и Владимир Туфегџиќ. Додека обвинението го застапуваат обвинителите Ленче Ристовска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро.

Пензионерите да бидат приоритет за вакцина против ковид-19

Сојузот на здруженија на пензионери апелира пензионерите да бидат приоритет при вакцинирањето против ковид-19, оти се ранлива категорија лица со хронични болести и намален имунитет.

„Во име на над 300 илјади возрасни луѓе во нашата земја алелираме пензионерите да имаат приоритет за вакцина против ковид-19, како што е во сите земји во опкружувањето и пошироко во целиот свет“, се вели во денешното соопштение од Сојузот.

Ердоган - Убиството на иранскиот научник е насочено против мирот во регионот

Реџеп Таип Ердоган и Хасан Рохани, архивска фотографија.

Убиството на иранскиот научник за нуклеарна физика Мохсен Фахризаде е насочено против мирот во регионот, но оние кои имаат таква цел нема да успеат, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со иранскиот колега Хасан Рохани.

Ердоган изразил длабока тага поради убиството на Фахризаде и сочувство до иранскиот народ и семејството на научникот.

За време на разговорот двајцата претседатели се осврнале и на ситуацијата во Нагорно-Карабах, регионални прашања и начини за развој на меѓусебните односи.

ЕУ подготвена на санкции за Турција

Европската унија е подготвена да ја санкционира Турција поради тоа што продолжува со „еднострани акти и непријателска реторика“, изјави денеска претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

„Во октомври пруживме рака на Турција и нашата оценка е негативна со оглед на тоа што продолжуваат со едноставни акти и непријателска реторика. Ќе имаме дебата и на европскиот самит на 10 декември и подготвени сме да искористиме средства кои ни се на располагање за санкционирање на оваа ситуација“, рече на конференција за новинари. Тој истакна дека мора да престане играта на мачка и глушец.

ЕУ уште во октомври се закани со воведување санкции кон Турција, ако не запре со своите акции, особено со нејзиното делување во Либија и Нагорно-Карабах.

Зариф го повика Бајден САД да ги укинат санкциите за Иран

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф го повика избраниот американски претседател Џо Бајден да ги укине санкциите за Иран и додаде дека тој одбива повторно да преговара за меѓународниот договор за нуклеарна програма од 2015 година За време на онлајн обраќањето на конференцијата за Медитеранскиот дијалог организирана од Италија, Зариф изјави дека одлуката на претседателот Доналд Трамп во 2018 година да ги повлече Соединетите држави од договорот претставува „сериозно кршење“ на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која беше одобрен документот.

Бајден сака да преговара за ирански договор

Зариф рече дека Соединетите држави треба да престанат да го кршат меѓународното право и за тоа не се потребни преговори. „Нема да преговараме за договорот за кој веќе се преговараше“, додаде тој. Трамп ги повлече САД од договорот и повторно воведе санкции за Иран. Како одговор, Иран постепено започна да се повлекува од своите обврски согласно договорот. Бајден изрази желба да започне нови преговори со Иран брзо, но во консултација со американските сојузници, откако повторно се приклучи на меѓународниот договор за нуклеарната програма.

Парламентот на Молдавија и ги одзема на новата претседателка ингеренциите врз разузнавањето

избраната претседателка на Молдавија Маја Санду

Молдавскиот парламент, контролиран од социјалистите, го одобри законодавството за одземање на надлежноста избраната претседателка Маја Санду врз разузнавачката служба на земјата и преместување на истата под јурисдикција на пратениците само неколку недели пред таа да ја преземе функцијата. Предлог-законот беше одобрен и покрај тоа што илјадници приврзаници на Санду протестираа во центарот на Кишињев. Санду, која се залага за поблиски врски со Европската унија, го победи актуелниот претседател Игор Додон, поддржан од Русија, на претседателските избори минатиот месец, но во парламентот сè уште доминираат про-московските социјалисти.

Русија ги отфрли барањата за повлекување на своите сили од Трансдњестар

Социјалистите тврдат дека, бидејќи Молдавија е парламентарна република, контролата над разузнавачката служба треба да му биде предадена на парламентот. Овој потег следи откако во јуни минатата година истите социјалисти гласаа за пренесување на контролата врз разузнавањето од парламентот на Додон - нивниот поранешен лидер на партијата. Молдавија, која прогласи независност од Советскиот Сојуз во 1991 година, ја тресат скандали со корупција, вклучително и исчезнување на милијарда долари од банкарскиот систем пред неколку години. Замрзнатиот конфликт со неговиот сепаратистички регион Трансдњестар поддржан од Москва, исто така, додаде континуирана нестабилност во најсиромашната европска земја.

Во војната за Нагорно Карабах загинале скоро 3.000 војници на Азербејџан

Азербејџански војници

Азербејџан го откри бројот на жртвите што ги доживеа воен персонал на оваа земја за време на неодамнешната 44-дневна војна со Ерменија за отцепениот регион Нагорно-Карабах. Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека за време на конфликтот биле убиени 2.783 нејзини војници и офицери, додавајќи дека се уште се идентификуваат 103 тела. Според соопштението, повеќе од 100 воени лица се водат како исчезнати исчезнати, а 1.245 воени војници биле ранети за време на војната што започна на 27 септември и заврши на 10 ноември со обновување на контролата на Баку над седум соседни области и некои делови на отцепениот регион.

Технологијата и Турција стојат зад воената победа на Азербејџан во Нагорно Карабах

Еден ден претходно, официјални лица на ерменското Министерство за здравство за РСЕ изјавија дека досега биле идентификувани 1.741 ерменски војници и офицери загинати во војната. Кабинетот на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев објави дека 8 ноември, денот кога азербејџанските трупи ја вратија контролата врз клучниот град Шуша ќе се одбележува секоја година како Ден на победата.

ЕУ со акционен план против дезинформациите

илустрација

Европската комисија објави план насочен кон зајакнување на „отпорноста“ на демократиите во ЕУ пред „предизвици“ како што е широко распространетата дисеминација на дезинформации и предлага санкции за „странските актери“ како дел од построг механизам за надзор на онлајн платформи. Во акциониот план за европска демократија, се наведува дека Унијата „треба посистематски да го користи целиот спектар на алатки за спротивставување на странското мешање и влијание врз операциите и понатаму да ги развива, вклучително и со наметнување трошоци за сторителите“.

Јурова- ЕУ бара начин за санкции за создавачите на дезинформации и лажни вести

Првпат Европската комисија во официјален документ предлага воведување санкции за ширење дезинформации. Во документот се додава дека планот доаѓа во време кога „се зголемува притисокот врз демократијата, владеењето на правото и човековите права на глобално ниво“. Предупредувајќи дека информациите можат да бидат „оружје на странски актери“, во документот се вели дека „одредени трети земји, особено Русија и Кина, се вклучиле во насочени операции за влијание и кампањи за дезинформирање околу ковид-19 во ЕУ, нејзиното соседство, и на глобално ниво, обидувајќи се да ја поткопаат демократската дебата, да ја влошат социјалната поларизација и да го подобрат сопствениот имиџ “.

Бајден ќе побара од Американците 100 дена да носат маски

Избраниот претседател на САД Џо Бајден

Избраниот претседател на САД Џо Бајден ќе побара од Американците да носат маски за неговите први 100 дена на функцијата, откако тој ќе ја преземе власта во јануари во услови на влошена пандемија. „На првиот ден кога ќе бидам инаугуриран, ќе барам од јавноста 100 дена да носи маски ... не засекогаш, само 100 дена“, изјави Бајден за Си-Ен-Ен во своето прво заедничко интервју со избраната потпретседателка Камала Харис од изборите. Бајден рече дека широко распространетата употреба на маски ќе доведе до „значително намалување“ на вирусот.

Трамп го обвини Бајден за преувеличување на здравствената криза

Избраниот претседател честопати повикуваше на носење маски за време на кампањата. Сепак, тој призна дека претседателот можеби нема законско овластување да издава таква наредба на национално ниво. Здравствените власти на САД велат дека носењето маска обезбедува одредена заштита на лицето што ја носи и помага во намалување на преносот на вирусот од заразени лица. Позицијата на Бајден е спротивна на претседателот Доналд Трамп, кој го минимизираше вирусот, го исмејуваше носењето маска и повика на повторно отворање на економијата.

Трамп во болница, коронавирусот се шири во Републиканската партија

Во октомври, Трамп беше хоспитализиран со ковид-19. Бајден ќе ја преземе функцијата во јануари, кога земјата се подготвува на масовна вакцинација. Во интервјуто, Бајден рече дека ќе биде „среќен“ што ќе се јавно ќе се вакцинира за да покаже дека нема проблеми во врска со ефикасноста и безбедноста на вакцините. Тројца поранешни претседатели - Барак Обама, Џорџ Буш и Бил Клинтон - исто така изјавија дека ќе се вакцинираат јавно за да покажат дека вакцината е безбедна. Избраниот демократски претседател исто така рече дека го замолил д-р Ентони Фаучи, шеф на Националниот институт за алергија и заразни болести, да остане на таа функција.

ВМРО ДПМНЕ продолжува со блокада на улици во повеќе градови

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата под мотото „Стоп за распродажбата на државните и националните интереси“, Скопје, 1 декември 2020

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ги блокира улиците низ главниот град. „Заев тргува со идентитетот, јазикот, историјата. Народот се буди, протест сега, за да не биде предоцна. Протест во 20 градови низ Републиката и блокадата на Владата, МНР и Министерството за правда“, се вели во повикот на ВМРО-ДПМНЕ. Протестните блокади ќе почнат во 16:00 и ќе траат до 17:00 часот.

Бучковски во Софија, Комисијата онлајн за Делчев

Оваа партија почна да организира протести од минатата недела, по интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС кое поттикна лавина реакции. Во него Заев, меѓу другото рече дека имаме заедничка, а не споделена историја, дека Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците и дека Југославија не разделувала.

Времето денеска: значително облачно со дожд

Наутро понекаде по котлините ќе биде магливо. Преку денот значително облачно со повремен дожд поинтензивен во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Дневната температура ќе биде од 4 до 11 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 8 степени.

Почина поранешниот министер за култура Благоја Стефановски

Поранешниот министер за култура и пратеник Благоја Стефановски Баге

Во Битола на 67-годишна возраст почина поранешниот македонски министер за култура, во еден мандат пратеник и долги години директор на Битолскиот театар, Благоја Стефановски – Баге.

Зад Стефановски стои богата професионална кариера поврзана со културниот живот во градот и државата, успеси со Битолскиот театар, успешно менаџирање на фестивалите „Охридско лето“, „Војдан Черондрински“ и „Ристо Шишков“, како и репрезентативно учество во меѓународната театарска асоцијација НЕТА.

Благоја Стефановски – Баге е добитник на бројни признанија и награди, а последнота беше од Општина Битола кога минатата година ја доби Наградата за животно дело.

ВМРО-ДПМНЕ на протест пред МНР, правда и владата

Скопје- ВМРО-ДПМНЕ го блокираше Министерството за надворешни работи поради преговорите на македонската со бугарската власт поврзани со историјата, 03.12.2020

ВМРО-ДПМНЕ попладнево на три места, пред Министерството за надворешни работи, Министерството за правда и пред Владата одржа протест под мотото “Оставка на Заев, слобода на народот“. Пред министерството за надворешни работи пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи рече дека премиерот Зоран Заев немал мандат да ја брише историјата.

„Овој собир не е против ниту една соседна држава, туку е против Заев и неговата екипа кои ги распродаваат националните интереси за кои живот дале македонските херои. Заев нема мандат да ја брише историјата и да ја пишува тој како што сака. На ова мора да се стави крај час поскоро“, рече Мизрахи.

Претходно, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го обвини премиерот Зоран Заев дека додека тој ги обвинувал нив за лажен патриотизам, а соопштувал дека ќе се менуваат учебниците по историја согласно како што вели бугарските желби.

„Лажливецот Заев велеше дека потпишал договор за пријателство со кој се отворени вратите кон ЕУ, а сега гледаме дека тој негов договор ги затвора вратите на ЕУ. Лажливецот Заев нѐ убедуваше дека бугарскиот меморандум бил некаква политичка игра без значење, за да сега гледаме дека токму тој меморандум е официјална државна стратегија. Лажливецот Заев тврдеше дека нема да има анекс на договорот со источниот сосед, а денес гледаме дека преговара токму за тоа“, наведе Мицкоски.

Инаку ВМРО-ДПМНЕ почна да организира протести од минатата недела, по интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС кое поттикна лавина реакции. Во него Заев рече дека имаме заедничка, а не споделена историја, дека Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, дека Југославија не разделуваше, дека Бугарија не е фашизам, туку наш пријател, а дека имало некоја администрација во почетокот, а оти потоа Бугарија се дигнала заедно со антифашизмот.

Во Грција сто починати од Ковид 19 за 24 часа

Архивска фотографија- луѓе во скафандери носат ковчег на починат од Ковид19, Грција

Во изминатите 24 часа во Грција повторно е регистриран голем број смртни случаи од Ковид-19, починаа 100 лица, а заразени се 1.882 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, 622 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега, девет повеќе од вчера.

Од почетокот на епидемијата, во Грција има 111.537 заразени и 2.706 починати од Ковид-19.

Нови 1342 заразени со Ковид-19, 22 починати

Архивска фотографија- Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број новодијагностицирани пациенти во Скопје се 479, Прилеп 84, Битола 83, Гостивар 63, Велес 59, Тетово 58, Куманово и Струга по 52, Охрид 49, Штип 45, Кавадарци 42, Гевгелија и Кочани по 33, Кичево 31, Струмица 29, Делчево 22, Дебар 20, Неготино 18, Свети Николе и Ресен по 13, Крива Паланка и Радовиш по 12, Пробиштип-10 и неколу други градови кои имаат едноцифрен број новозаболени.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 65231, бројката на оздравени пациенти е 41656, на починати е 1847, а бројот на активни случаи изнесува 21728.

МАНУ, МПЦ-ОА и УКИМ со заеднички меморандум- Македонски манифест

Архивска фотографија- зградата на МАНУ

Македонската академија на науките и уметностите, Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска излегоа со заеднички став за како што наведуваат апсурдните барања од Бугарија во кој ги охрабруваат претседателот, премиерот, Собранието и другите фактори да почитуваат неколку постулати.

Овие институции бараат преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ, да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет, да се уважуваат не само објективните факти и научната аргументација, туку и комплексната интерпретација на историските факти, настани и личности.

„Да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според коишто : македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен континуитет (што значи дека македонските дијалекти постојат и надвор од границата на денешна Македонија) и свој временски континуитет (што значи дека македонскиот јазик опстојувал со векови)“, наведуваат од МАНУ, МПЦ-ОА и УКИМ.

За македонскиот идентитет од трите институции наведуваат дека тој го црпи својот легитимитет од повеќе-вековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазикот, артикулираната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и наративот за припадноста на одреден географски и историски простор.

„Споделените места на меморија на балканските и медитеранските простори подразбираат инклузивен однос, а не ексклузивно присвојување на историјата и традицијата, подразбираат интелектуална слобода, а не робување на анахроните историски стереотипи и илузии, не културен и историски хегемонизам. Историската вистина не е политичка догма, туку дијалошка, повеќедимензионална категорија чувствителна на гледната точка, во тој контекст и на националниот интерес на секоја држава, вклучително и на Републиката", се наведува во манифестот.

Апелираат процесот за евроинтеграција да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите, да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни Конвенции и Декларации на ОН за правото на самоопределување и за човековите права и слободи, да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност, да се почитува волјата на македонските граѓани, припадници на македонската Република.

Владата подготвена да ги објави записниците за петте историски личности за кои е договорено заедничко чествување со Бугарија

Архивска фотографија- премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека Владата е подготвена да ги објави записниците за историските личности чие заедничко чествување досега договори македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања.


„Нашата Влада од досега усвоените записници е подготвена на некоја од следните седници да ги објави записниците за петте историски личности, односно трите историски периоди за да испратиме порака, дека веднаш после тоа започнуваме со импелемнатција на учебниците за 2021-22 година и од бугарска и од македонска страна, за сето она што е поврзано со Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на фотонапонска централа во Неготино.

Тој изрази уверување дека многу брзо ќе има и други решенија, затоа што, преку тие решенија, како што рече, го градиме заедничкото пријателство на двете земји.

Инаку денеска и утре заедничката Комисија ја одржува 11 средба, овојпат онлајн, поради пандемијата со коронавирусот. На средбата се разговара за револуционерот Гоце Делчев, евентуалното негово заедничко чествување и македонските учебници за перидот среден век и ран османлиски период. Претходно, комисијата ги помина бугарските учебници за тој период.

Јурова- ЕУ бара начин за санкции за создавачите на дезинформации и лажни вести

Архивска фотографија- Потпретседателката на Европската комисија Вера Јурова

Потпретседателката на Европската комисија Вера Јурова рече дека извршното тело на Европската унија ќе предложи санкции за оние кои шират дезинформации и лажни вести за тие да ја „платат цената“. Јурова во интервју за Радио Слободна Европа вели дека блокот мора да се спротистави на ширењето на дезинформациите.

“Создавачите на дезинформациите не плаќаат никаква цена за тоа. Јас мислам дека тоа не може да помине без да платат и затоа ние бараме начин како да се воспостават санкции“ вели Јурова.

Потпретседателката додава и дека тие ќе се обидат да се справат и со надворешното влијание и надворешните актери. Јурова вели и дека санкциите треба да го следат европскиот режим за казни за сајбер криминал кој беше првпат употребен оваа година за замрзнување на средствата и забрана за визи за прекршителите, претежно државјани и компании од Русија, Кина и Северна Кореја.

Во Србија 7802 новозаразени, 61 починат

Србија- медицински лица изнесуваат пацинет заболен со Ковид19

Во Србија, во последните 24 часа, се потврдени 7.802 нови случаи на коронавирус, а 61 лице починало. На апарати за дишење се 288 лица, што е најмногу од почетокот на епидемијата. Во тој период се тестирани 22.243 луѓе, а хоспитализирани се 7.726 лица, објавено е на веб-страницата Covid-19.rs.
Досега во Србија биле заразени 199.158 лица, од кои 1.765 починале. Тестирани се вкупно 1.844.731 граѓани.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG