Достапни линкови

Средба на работната група за медиумите


Питер Ванхауте

Во Скопје вчера продолжија разговорите за реформирање на медиумската сфера меѓу претставниците на четирите политички партии со белгискиот посредник Питер Ванхауте. Тој на својот твитер-профил во два изутрина објави дека преговорите штотуку завршиле и дека ги чека уште многу работа. Пред почетокот на разговорите Ванхауте изјави дека не е преголем оптимист и оти може да се најде решение за прашањето за медиумите доколку се знаат позициите на засегнатите страни. „Свесен сум дека нема многу време за договор, но се надевам на решение“, додаде Ванхауте. На разговорите присуствуваа и амбасадорите на ЕУ и САД, Џес Бејли и Аиво Орав.

XS
SM
MD
LG