Достапни линкови

Русија ќе соработува со Хашкиот суд за Јужна Осетија


Жена од Грузија плаче на местото каде била уништена зградата во која живеела.

Рускиот истражен комитет соопшти дека му ги предал документите на Меѓународниот кривичен суд во кои се наведени наводните злосторства за време на вооружениот конфликт во Јужна Осетија во 2008 година. Властите соопштија дека ќе соработуваат со трибуналот во Хаг во истрагата и го повикаа судот да ги интервјуира луѓето кои биле погодени од наводните злосторства во Јужна Осетија. Судот соопшти дека неделава ќе отвори истрага за наводите за воени злосторства извршени од двете страни за време на кратката војна меѓу Русија и Грузија за отцепениот регион.

XS
SM
MD
LG