Достапни линкови

Портпаролот на ИД ранет во воздушен напад во Ирак


Абу Мухамад ал Аднани

Портпаролот на милитантите на Исламската држава Абу Мухамад ал Аднани бил ранет во воздушен напад во иранската западна провинција Анбар. Аднани за кого се смета дека е можниот наследник на лидерот на оваа терористичка група Абу Бакр ал Багдади по ранувањето веднаш бил префрлен во Мосул. Сојузничката коалиција предводена од САД соопшти дека во воздушни напади во текот на оваа недела убила над сто милитанти на Исламската држава во околината на Барвана. Аднани е Сириец кој своевремено бил затворен од американските сили во Ирак. За него Вашингтон распиша потерница од 5 милиони долари.

XS
SM
MD
LG