Достапни линкови

Меркел за намалување на приливот на бегалци


Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека таа сака да запре приливот на бегалци во ЕУ, а во исто време да останат отворени границите на блокот. Според неа, многу е важно да се постигне, намалување на протокот на бегалци, но и да се зачува слободата на движење на луѓето во ЕУ.

Во Германија во минатата година биле регистрирани речиси милион и сто илјади баратели на азил. Околу 40 отсто од нив биле од Сирија, потоа од Авганистан и од Ирак.

XS
SM
MD
LG