Достапни линкови

Обама за поголема контрола на продажбата на оружје


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека планира да ги искористи своите овластувања со цел да побара сите продавачи на пиштоли да бидат регистрирани како дилери и да се извршува проверка на потенцијалните купувачи на оружје. Неговиот план го заобиколува Конгресот предводен од републиканците, кои одбија да го земат во превид зголемувањето на контролата на оружјето во САД и покрај зачестените инциденти на масовни престрелки.

Според Обама, новите правила се во рамките на неговите уставни овластувања како претседател, но бидејќи жестоко се спротивставиле поборниците за поседување оружје тој очекува прашањето да стане голем проблем за време на претстојните претседателски избори.

XS
SM
MD
LG