Достапни линкови

Иран предупредува да не се прекршува нуклеарниот договор


Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф предупреди денеска дека неговата земја ќе преземе мерки доколку биде прекршен нуклеарниот договор. Иранските власти претходно соопштија дека промената на визниот режим на САД е прекршување на нуклеарниот договор меѓу земјата и шесте светски сили.

Вашингтон неодамна ги засили безбедносните мерки со кои им се овозможуваше на граѓаните од 38 земји да влезат во САД без виза. Сега луѓето кои потекнуваат од тие земји, а патувале и во Иран, Ирак, Сирија и Судан во последните пет години ќе мора да добијат виза за да влезат во САД.

XS
SM
MD
LG