Достапни линкови

Уапсен пратеник на Самоопределување во Косово


Солзавец во косовскиот парламент.

Косовската полиција денеска го уапсила пратеникот на Самоопределување, Исмаил Куртеши, кој се наоѓаше во домашен притвор поради фрлањето солзавец во собраниската сала. Куртеши ја е уапсен поради тоа што ја прекршил санкцијата со тоа што учествувал на последниот протест кој го организираше неговата партија.

Пратеникот од Самоопределување, Глаук Коњуфца изјави дека притисокот на опозицијата врз Владата ќе продолжи се додека властите не се откажат од формирањето на Заедницата на српските општини и Договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Во меѓувреме денеска пратениците на Самоопределување повторно фрлија солзавец во Парламентот по што била прекината седницата.

XS
SM
MD
LG