Достапни линкови

Чавушоглу-Приоритет мигрантската криза


Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу.

Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу изјави денеска дека не треба да се мешаат заедничките напори во борбата против Исламска држава и нарушувањето на воздушниот простор на неговата земја.

Тој при обраќањето на министерскиот совет на ОБСЕ по средбата со рускиот колега Сергеј Лавров истакна и дека масовниот прилив на бегалци и мигранти е приоритет и потсети дека Турција од 2011 ја отворила вратата за над два милиона бегалци и потрошила осум милиони долари. Според него, тероризмот, екстремизмот и радикализацијата се предизвик за сите и можат да доведат до уште поголем број бегалци и мигранти.

XS
SM
MD
LG