Достапни линкови

САД ќе распоредат дополнителни војници во Ирак


Американскиот секретар за одбрана Еш Картер

САД ќе ја прошират вклученоста во борбата против милитантната група Исламска држава во Ирак и ќе распоредат дополнителна војска која ќе им помага на локалните сили. Американскиот секретар за одбрана Еш Картер изјави дека војниците ќе вршат операции и во Ирак и во Сирија, како и спасувачки мисии, собирање на разузнавачки информации и ќе имаат цел да фатат или убијат лидери на Исламската држава. Околу 3500 американски војници се во Ирак и тие неодамна им помогнаа на ирачко курдските сили и другите единици да ја преземат контролата врз стратешкиот град Сињар.

XS
SM
MD
LG