Достапни линкови

Германскиот кабинет ја одобри меѓународната коалиција против ИД


Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската влада ги одобри плановите за приклучување на земјата во меѓународната коалиција која се бори против милитантната група Исламска држава во Сирија. За таа цел може да бидат мобилизирани до 1200 германски војници. Плановите треба да се одобрат од Парламентот каде коалицијата на германската канцеларка Ангела Меркел го има мнозинството. По терористичките напади во Париз, Меркел се согласи да го почитува барањето од Франција за поддршка на операциите на земјата против Исламската држава во Сирија.

XS
SM
MD
LG