Достапни линкови

Ванхауте повикан на анкетната за прислушувањето


Посредникот во разговорите за излез од политичката криза Питер Ванхауте

Претседателот на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето Петре Шилегов го повика посредникот во разговорите за излез од политичката криза Питер Ванхауте да присуствува на утрешната седница. Шилегов изјави дека Ванхауте е повикан за да се произнесе во врска со одлучувањето односно гласањето на претседателот на Комисијата во случај на еднаков број гласови. Ова е едно од прашањата за кои членовите на Анкетната комисија не можат да се договорат и да го донесат деловникот за работа.

XS
SM
MD
LG