Достапни линкови

Иванов оствари средба со Столтенберг


Македонскиот претеседател Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска побарал од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг да ги има предвид новите безбедносни закани и гео-политички асппекти и Алијансата да не го игнорира меѓународното право и пресудата на Меѓународниот суд за правда во однос на Македонија. Иванов изјави дека средбата е во време кога има многу предизвици, како за Македонија и регионот, така и за НАТО.

Во соопштението испратено од Столтенберг по средбата е наведено декасоработката на земјата со НАТО е одлична и ќе продолжат да го поддржуваат патот на Скопје кон евро-атлантската интеграција, вклучувајќи членство во НАТО. Одлуката на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година за покана се уште стои, се истакнува во соопштението.

XS
SM
MD
LG