Достапни линкови

Русија би соработувала со коалицијата против ИД


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека неговата земја е подготвена за практична соработка со коалицијата предводена од САД во борбата против Исламската држава доколку биде испочитувана сириската сувереност и лидерство.

САД и сојузниците бараат сирискиот претседател Башар ал Асад да се повлече од функцијата, додека Русија смета дека сирискиот народ треба да ја донесе одлуката. Руски новински агенции јавија и дека руски и француски воени претставници разговарале за преземање заеднички напори во бробата против Исламската држава во Сирија.

XS
SM
MD
LG