Достапни линкови

Најавена нова рунда преговори за Сирија


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери ќе отпатува за Виена на нова рунда преговори за конфликтот во Сирија планирана за 14 овој месец. Стејт департментот соопшти дека станува збор за продолжување на дијалогот за крај на граѓанската војна во Сирија меѓу претставници на 17 земји, како и на Обединетите нации и Европската унија. Не е предвидено на овие преговори да учествуваат претставници на сириската опозиција и на режимот на претседателот Башар ал Асад. Првата рунда се одржа на 30 минатиот месец. По Виена Кери заминува за Тунис пред да му се придружи на американскиот претседател Обама на самитот на Групата 20 на 15 ноември во Турција.

XS
SM
MD
LG