Достапни линкови

Иванов го поздрави договорот на партиите


Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов денеска ја поздрави искажаната волја на лидерите на политичките партии и постигнатата согласност, во насока на имплементирање на Договорот од 2 јуни и Протоколот од 15 јули.

Во интерес на граѓаните, како што соопштија од неговиот кабинет, Иванов повикува договорените решенија да бидат доследно спроведени, и што е можно поскоро сите политички актери целосно да се посветат на европската и евроатлантската агенда на Македонија, како нивна врвна стратегиска цел. Според Иванов, резултатот од разговорите на лидерските средби е уште еден доказ дека дијалогот е единствениот начин преку кој можат да се надминат сите предизвици и сите отворени прашања.

XS
SM
MD
LG