Достапни линкови

Иванов на средба со амбасадори за политичката криза


Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов денеска остварил средба со неколку амбасадори во Македонија за последните случувања околу политичката криза во земјата и можностите за нејзино надминување. На средбата присуствувале амбасадорите и замениците-амбасадори на Чешка, Австрија, Словачка, Шведска, Хрватска и Словенија.

Како што соопшти кабинетот на претседателот, Иванов уште еднаш истакнал дека очекува одговорно однесување од лидерите на сите политички партии, потписници на договорот, порачувајќи дека преземените обврски мора доследно да бидат реализирани и во рамки на предвидените рокови.

Претставниците на земјите од групата пријатели на Македонија ја изразиле својата загриженост од неможноста политичките партии да постигнат согласност за спроведувањето на политичкиот договор. Тие аплирале партиите да заземат сериозен и одговорен пристап и да се фокусираат на евроатлантскиот пат на земјата.

XS
SM
MD
LG