Достапни линкови

Една жртва во напад на училиште во Шведска


Шведската полиција пред училиштето каде бил извршен нападот.

Шведските власти соопштија дека маскиран маж со меч убил едно лице, а повредил две во напад на училиште пред да биде застрелан од полицијата. Нападот се случил во училиште во Тролхатeн, кој се наоѓа во близина на Гетебург. Според медицински лица, жртвата е еден наставник, а тешко повредени се двајца ученици на возраст од 11 и 15 години. Тие информираат и дека напаѓачот се наоѓа во критична состојба.

XS
SM
MD
LG