Достапни линкови

Фестивал на изведувачки уметности и добри практики во МКЦ


Проект за меѓуетничка интеграција во образованието. Фотографии на УСАИД од различни активности во кои се вклучени ученици од Македонија.

Фестивал на изведувачки уметности и добри практики на тема „Бидете креативни, бидете интерактивни, бидете интеретнички“ ќе се одржи денеска во Младинскиот културен центар во Скопје.

Фестивалот е резултат на четиригодишните креативни работилници на средношколци од Македонија во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието и има за цел да го зајакне учеството на младите во меѓуетничкиот дијалог во училишната средина и да ја зголеми граѓанската свест и почитувањето на човековите права меѓу младите во Македонија.

Фестивалот ќе понуди богата едукативна и забавна програма, а ќе бидат презентирани примери и добри практики на неформално образование, можности за креативно изразување, како и начини на директна работа со младите.

Фестивалот го организира Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование.

XS
SM
MD
LG