Достапни линкови

Цела деценија по судови за парче имот


Охриѓанец повеќе од 10 години по судовите во земјава се жали на, како што вели, узурпирано земјиште кое го добил на подарок од неговиот татко.

Седумдесетгодишниот охриѓанец Славко Јолески повеќе од десет години пред македонските институции не може да докаже, како што вели, дека бесправно му било одземено, односно узурпирано, земјиште, кое како поклон го добил од неговиот татко. Обвинува за неефикасност на македонското судство, иако вели дека сите докази се на негова страна.

Имотниот лист ми е чист и местото постои на мое име. Имам и трансформација на земјиштето и движење на имотот и сè на мене постои.
Славко Јолески, жител на Охрид.

Во неговиот дом во центарот на Охрид нè пречека со вреќи документи и судски пресуди од сите македонски судови. Кажува дека земјиштето му било одземено за време на неговиот престој во Америка во 1997 година и оти на истото неколку години се градел приватен објект, кој никогаш не бил изграден.

„Имотниот лист ми е чист и местото постои на мое име. Имам и трансформација на земјиштето и движење на имотот и сè на мене постои“, вели тој.

Секаде се жалев. Тука ќе падне мојот предмет на суд, потоа одам во Битола. Во Битола исто така ќе падне. На Врховен суд некогаш добивам, а некогаш паѓам. Апелационен суд потоа ме падна. Секаде ме одбиваат, со сите документи. Тие моите документи не ги ни гледаат, како тие и да не постојат. Од горе до долу само телефонот работи, ало падни го него и завршена работа.
Славко Јолески, жител на Охрид.

РСЕ: Каде се жалевте, до каде поднесовте жалби?

„Секаде до каде што стигнав. Секаде се жалев. Тука ќе падне мојот предмет на суд, потоа одам во Битола. Во Битола исто така ќе падне. На Врховен суд некогаш добивам, а некогаш паѓам. Апелационен суд потоа ме падна. Секаде ме одбиваат, со сите документи. Тие моите документи не ги ни гледаат, како тие и да не постојат. Од горе до долу само телефонот работи, ало падни го него и завршена работа“, вели Јолески.

Тој посочува дека без успех останале барањата за прием кај премиерот Никола Груевски и екс министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Иако вели дека станува збор за 51 метри квадратни, вели дека ги поминал сите можни судови во државата, но без успех, и оти последната надеж му е судот во Стразбур каде ќе ја бара правдата и оштета од државата и Општина Охрид. Мојот предмет е чист како солза, само правосудниот систем во Македонија не чини, вели Јолески.

„Имам со писма препорачани сите документи, колку пати барам средба кај Груевски, колку кај Јанкулоска. И никој не ме прими и не сакаат да слушнат. Ова место ние знаеме како сме го добиле, како деца гладувавме“, кажува тој.

Јолески 40 години живее во Америка и вели дека секоја година најмалку три пати доаѓа во земјава за да ја продолжи судската голгота низ која поминува и како што вели потрошил илјадници долари на адвокати и судски пресуди.

XS
SM
MD
LG