Достапни линкови

Американски демократи против нуклеарниот договор со Иран


Елиот Енџел

Двајца демократски лидери во американскиот Конгрес објавија дека се против договорот на шестте светски сили со Иран за неговата нуклеарна програма. Тоа, како што се оценува е голем удар врз напорите на претседателот Барак Обама да добие поддршка во Конгресот за овој договор. Сенаторот од Њујорк Чак Шумер за кој се очекува дека ќе стане новиот лидер на Демократите во Сенатот изјави дека ќе гласа против. И демократскиот лидер во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом Елиот Енџел се изјасни дека нема да го поддржи договорот, бидејќи не бил уверен во аргументите оти тој ќе придонесе за стабилизирање на регионот.

XS
SM
MD
LG