Достапни линкови

Притворен осомничениот за напад во црква во САД


Дилан Руф

Американската полиција соопшти дека го притворила осомничениот за нападот во една од најпознатите цркви на афроамериканците во Чарлстон, Јужна Каролина при која загинаа 9 луѓе. Полицијата претпоставува дека станува збор за злосторство од омраза. Осомничениот, кој е 21 годишен белец е идентификуван како Дилан Руф од Колумбија и сега се наоѓа во притвор во Северна Каролина.

XS
SM
MD
LG