Достапни линкови

Американски состанок за стратегијата во Украина


Американскиот секретар за одбрана Еш Картер

Американскиот секретар за одбрана Еш Картер повика официјални претставници на американската војска и на дипломатијата денеска во Германија да разговараат за ефикасноста на стратегијата на НАТО спрема Москва како одговор на украинската криза. Околу дваесетина генерали и дипломати ќе разговараат дали се уште има политичка волја во Европа за задржување на санкциите против Русија. Тие ќе разговараат и за воените опции, вклучувајќи и директно вооружување на Украина. До средбата доаѓа откако во источна Украина дојде до борби, најжестоки од примирјето постигнато во февруари годинава.

XS
SM
MD
LG