Достапни линкови

Зариф се надева на нуклеарен договор во разумен рок


Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави дека се надева оти неговата земја и шесте светски сили ќе постигнат конечен нуклеарен договор во разумен рок и предупреди да не се упатуваат претерани барања до Техеран. Според него, доколку другата страна го почитува тоа за што се согласиле и доколку постои база на заемно почитување тогаш може да се постигне сеопфатен договор до крајниот рок на 30 јуни. Иран и шесте светски сили постигнаа рамковен договор на 2 април, но неколку прашања останаа отворени.

XS
SM
MD
LG