Достапни линкови

Рама-Србија и Албанија важни за зачување на мирот


Албанскиот премиер Еди Рама со неговиот српски колега Александар Вучиќ.

Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска дека им се дава можност на Албанците и Србите за доброто на своите држави и целиот регион, да го направат она што Германците и Французите го направија за себе по Втората светска војна. Рама по средбата со премиерот на Србија Александар Вучиќ порача и дека тоа што имаат различни ставови за некои работи не значи оти не се свесни за фактот дека двете држави играат значителна улога во зачувување на мирот. Тој изрази и уверување дека заедно ќе успеат да ги унапредат односите и да спроведуваат агенда за регион без граници.

XS
SM
MD
LG