Достапни линкови

Контраофанзива против ИД во ирачкиот град Рамади


Градот Рамади

Илјадници припадници на шиитската милитија се собраа во источниот град Рамади на подготовка за контраофанзива за преземање на контролата врз ирачкиот град од милитантите на Исламската држава. Локалните власти соопштија дека голем број на војници биле позиционирани на неколку километри од Рамади, од каде ќе биде нивната појдовна точка за спроведување на операцијата. Претходно беше соопштено дека околу 3000 припадници на шиитската милитија се на стенд бај во воениот камп ал Хабанијах.

XS
SM
MD
LG