Достапни линкови

Лидерите на партиите на Албанците во Македонија на средба со Рама


албанскиот премиер Еди Рама

Лидерите на ДУИ, ДПА, Движењето за реформи во ДПА, Националната демократска преродба и Движењето БЕСА, Али Ахмети, Мендух Тачи, Зијадин Сеља, Весел Мемеди и Билал Касами во Подградец се сретнаа со албанскиот премиер Еди Рама. На средбата присуствувале и претседателот на албанскиот парламент Илир Мета, како и министерот за надворешни работи Дитмир Бушати. Партиски извори наведуваат дека Рама имал одвоени средби со Ахмети и со Тачи со кои разговарал за состојбата во Македонија и унифицирање на албанскиот политички фактор во Македонија. При тоа им ветил дека не подржува формирање нови политички партии на Албанците во Македонија.

XS
SM
MD
LG