Достапни линкови

Бугарија ја зајакнува границата со Македонија


Бугарскиот премиер Бојко Борисов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во Парламентот изјави дека биле распоредени војници на границата, при што ги подготвуваат нивните позиции, доколку дојде до влошување на ситуацијата во Македонија.

Медиумите од земјата јавија и дека Борисов порачал оти се подготвени и специјални пунктови, доколку македонските граѓани со бугарски пасоши при евентуално влошување на ситуацијата одлучат да заминат за Бугарија. Според него, околу 90 илјади Македонци имаат бугарски пасоши. Тој нагласил и дека со загриженост ја следи ситуацијата во Македонија.

XS
SM
MD
LG