Достапни линкови

Германија-Да се спречи ескалација на ситуацијата во Македонија


Оштетени куќи во Дива населба во Куманово после полициската акција против вооружена група.

Германската влада по настаните во Куманово упати повик до македонските власти и сите други политички актери, како и албанското малцинство да избегнуваат сѐ што би можело да распламти нови тензии. Портпаролот на министерството за надворешни работи на Германија Мартин Шефер, како што пренесе Дојче Веле изјавил дека неопходно е да се спречи натамошна ескалација на ситуацијата.

Шефер порача и дека германските власти упатуваат повик до владата во Скопје да ги респектира правото на слободно собирање, слободата на печатот и на мислењето во духот на западните сфаќања.

XS
SM
MD
LG