Достапни линкови

Зариф одлучен да се стави крај на нуклеарната криза


Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф

Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф изјави дека е одлучен да се стави крај на кризата за нуклеарната програма на земјата. Тој на твитер напиша дека има напредок во изготвувањето на договорот меѓу Иран и шесте светски сили. Но, Зариф додава дека им престои тешка работа пред да биде постигнат договорот. Пред два дена американскиот државен секретар Џон Кери ја осуди како што ја нарече хистеријата од оние кои се против постигнувањето договор со Иран.

XS
SM
MD
LG