Достапни линкови

Поднесен обвинителен акт за Заев во случајот „Пуч“


Прес конференција на Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Основното Јавно Обвинителство, за организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 во Скопје, денеска достави обвинителен акт против пет лица за случајот„Пуч“ . Еден од обвинетите е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој се товари за насилство спрема претставници од највисоки државни органи.

Првообвинетиот поранешниот разузнавач Зоран Верушевски се товари за неовластено прислушкување и тонско снимање, шпионажа и насилство спрема претставници од највисоки државни органи. Сопругата на Верушевски, Соња е обвинета за шпионажа, а останатите тројца за неовластено прислушкување и тонско снимање, како и насилство према претставници од највисоки државни органи.

XS
SM
MD
LG