Достапни линкови

Продолжуваат преговорите за нуклеарната програма на Иран


Пречекот на иранскиот мин истер за надворешни работи по постигнувањето на рамковниот договор.

Преговорите за нуклеарната програма на Иран продолжуваат денеска во Виена со цел да се постигне договор во замена за повлекување на санкциите врз земјата. На почетокот на месецов шесте светски сили и Иран постигнаа рамковен договор кој го отвори патот за финализирање на конечниот договор до крајниот рок на 30 јуни. Иранските власти тврдат дека нуклеарната програма е во мирољубиви цели, но се сложија да го намалат капацитетот на програмата кој може да искористен за производство на оружје.

XS
SM
MD
LG