Достапни линкови

Столтенберг-На Црна Гора и е отворен патот во НАТО


Генералниот секрeтар на НАТО, Јенс Столтенберг

Генералниот секрeтар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави денеска дека вратата на Алијансата останува отворена за Црна Гора и дека земјата треба да ги интензивира реформите, особено во областа на владеењето на правото. Тој по средбата со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ во Брисел воедно и ја пофали Црна Гора за досегашниот напредок кон членството во НАТО. Ѓукановиќ изјави дека го запознал генералниот секретар со досегашните напори за исполнување на условите за членство и дека е оптимист оти поканата ќе пристигне во текот на следните неколку месеци.

XS
SM
MD
LG