Достапни линкови

Тачи-Белград погрешно ја интерпретира изјавата на Рама


Шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи

Шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи изјави денеска дека идејата за голема Албанија е смислена во Србија и нема никаква врска со Албанците. Коментарот на Тачи доаѓа еден ден откако Белград и Брисел ја осудија изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за тоа дека Косово и Албанија порано или подоцна ќе се обединат. Според него, Белград погрешно го интерпретира Рама. Тачи смета дека приклучувањето кон ЕУ е волја и желба на граѓаните и политичкото раководство на Косово и на Албанија.

XS
SM
MD
LG