Достапни линкови

Хаменеи воздржан за нуклеарниот договор


Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи

Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи изјави дека тој ниту се согласува, ниту е против рамковниот договор за нуклеарната програма на Техеран. Според него, привремениот договор кој беше постигнат меѓу Иран и шесте светски сили во Лозана, Швајцарија не е обврзувачки. На 2 април беше постигнат рамковниот договор, кој треба да го отвори патот за финализирање на конечниот договор до крајниот рок на 30 јуни.

XS
SM
MD
LG