Достапни линкови

Тачи-Изјавата на Рама е погрешно протолкувана


Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи

Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи порача дека изјавата на албанскиот премиер Еди Рама е погрешно протолкувана. Според него, тој не зборувал за неизбежно обединување на Косово и Албанија, туку за бришење на границите откако двете земји ќе станат членки на Европската унија. Тачи по средбата со хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ во Загреб посочи и дека Рама е реформски настроен политичар кој има силна перспектива за патот на својата земја, односно дека силно го поддржува дијалогот со цел да дојде до нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

XS
SM
MD
LG