Достапни линкови

Обама му честита на Нетанјаху за изборната победа


Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама телефонски му честитал на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за неговата победа на парламентарните избори одржани во вторникот. Во краткото соопштение на Белата куќа се наведува дека двајцата лидери се согласиле да ги продолжат консултациите за израелско палестинскиот судир. Обама притоа повторил дека Вашингтон го поддржува воспоставувањето Палестинска држава. Нетанјаху во синоќешното телевизиско интервју го ублажи ставот за време на изборната кампања дека не се согласува на создавање Палестинска држава. „Тоа е можно ако состојбата во регионот се подобри“, изјави синоќа Нетанјаху.

XS
SM
MD
LG