Достапни линкови

САД нема да преговараат со сирискиот претседател Асад


портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки

Соединетите држави никогаш нема директно да преговараат со сирискиот претседател Башар ал Асад во решавањето на конфликтот во Сирија. Ова го изјави портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки откако американскиот државен секретар Џон Кери сугерираше дека би можело да има простор за Асад во постигнување дипломатско решение за граѓанската војна во Сирија која влезе во петтата година. Псаки прецизира дека во евентуални преговори би можело да учествуваат претставници на владата на Асад, но не и самиот тој.

XS
SM
MD
LG