Достапни линкови

Лавров предложи Западот да наметне санкции врз Киев


Russian Foreign Minister, Sergei Lavrov.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, предложи Западот да наметне санкции врз Киев за да продолжи да се спроведува договорот за окончување на конфликтот во источна Украина. Лавров денеска ја обвини Украина дека ги прекршила обврските во рамките на договорот постигнат на 12 февруари во Минск, за прекин на огнот меѓу владините сили и проруските сепаратисти. Лавров изјави дека целосната имплементација на договорот од Минск е суштински блокирана од страна на властите во Киев. „Не знам какви инструменти на притисок врз Киев имаат Американците и Европејците, но можеби во овој случај треба да го наметнат својот омилен механизам на санкции врз Киев“, вели тој. Европската унија и САД наметнаа санкции врз Русија за нејзиното мешање и поддршка на сепаратистите.

XS
SM
MD
LG