Достапни линкови

Отфрлен предлогот за доверба на премиерот на Австралија


Тони Абот

Пратениците на владејачката австралиска Либерална партија денеска го отфрлија предлогот за гласање доверба за својот се понепопуларен лидер и премиер Тони Абот. Тој по само 16 месеци откако ја презеде функцијата премиер се соочува со опаѓање на поддршката поради низата гафови и неисполнети изборни ветувања. „Последни нешто што сега и треба на Австралија е нестабилност и неизвесност“, изјави пред гласањето премиерот Абот.

XS
SM
MD
LG