Достапни линкови

Протести во Авганистан со поддршка за напаѓачите во Париз


Илустрација

Стотици луѓе во јужниот дел на Авганистан се собраа да го пофалат смртоносниот напад врз францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо. Демонстрациите се одржаа во провинцијата Орузган по петочните молитви, два дена откако вооружените лица убија 12 луѓе во просториите на Шарли Ебдо во Париз, кој беше извршен по серијата закани за објавените карикатури на пророкот Мухамед.

Напаѓачите извикуваа „Господ е голем“ и рекоа дека сакаат да го одмаздат пророкот за време на нападот. Авганистанските власти изјавија дека демонстрантите ги нарекувале двајцата напаѓачи „херои“. Провинцискиот шеф на полицијата Матиула Кан изјави дека властите однапред биле информирани за протестот, кој бил дозволен според Уставот на Авганистан и одредбата за слободата на говорот.

XS
SM
MD
LG