Достапни линкови

Започнува судењето на обвинетиот за нападот на бостонскиот маратон


Џокар Царнаев

Судењето на обвинетиот за бомбашкиот напад на бостонскиот маратон Џокар Царнаев ќе започне утре откако беше одбиено барањето за одложување или преместување на процесот. Судот вчера донесе одлука дека адвокатите на обвинетиот не понудиле доволно образложение за одложување на судењето или пак преместување на процесот надвор од Бостон.

Царнаев се изјасни дека не е виновен за убиството на три лица и ранувањето на повеќе од 260, откако тој и неговиот брат Тамерлан оставиле ранец полн со експлозив на крајната цел на бостонскиот маратон во април 2013 година. Тамерлан беше убиен во престрелка со полицијата неколку дена по нападот.

XS
SM
MD
LG