Достапни линкови

Уапсени 10 осомничени за воени злосторства во БиХ


Архивска фотографија: Холандски мировник во Босна во 1993 година.

Босанската полиција уапси десетмина етнички Срби осомничени за убиствата на десетици муслимански цивили за време на војната од 1992 до 1995 година. Уапсените се поранешни високи полициски и воени офицери на босанските Срби обвинети за убиствата на најмалку 70 цивили во градот Зворник во 1992 година, но не се соопштува нивниот идентитет. Претходно овој месец, босанските власти уапсија 15 босански Срби, поранешни припадници на воени и паравоените единици, поради сомнеж дека учествувале во убиствата на 20 луѓе, претежно босански муслимани во 1993 година.

XS
SM
MD
LG