Достапни линкови

Резултатите покажале дека телото е на Дениса Маркоска


Дениса Маркоска, македонска девојка од Прилеп која исчезна од брод во Грција.

Резултатите од ДНК анализата потврдиле дека телото кое беше пронајдено во Егејското Море е на прилепчанката Дениса Маркоска. Денеска нејзиното семејство ги добило резултатите направени во Грција. Македонското Министерство за надворешни работи утрово потврди дека ги добиле резултатите, а во наредниот период тие ќе го организираат спроведување на телото од Грција во Македонија. Маркоска исчезна пред повеќе од еден месец од бродот на кој работела.

XS
SM
MD
LG