Достапни линкови

Разговори за забраната на влез на унгарски бизнисмени во САД


Виктор Орбан

Денеска во Вашингтон шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто ќе разговара со американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд за неодамнешната одлука на Вашингтон за забрана на влез на неколкумина унгарци обвинети за корупција. Американскиот амбасадор во Будимпешта Андре Гудфренд изјави дека одлуката била донесена врз основа на веродостојни информации оти лицата, без да ги наведе нивните имиња, биле вклучени во корупција. Откако во 2010 година ја презеде функцијата, десничарскиот премиер Виктор Орбан е под удар на Соединетите држави и Европската унија за неговиот авторитарен нечин на владеење.

XS
SM
MD
LG