Достапни линкови

Москва му го продолжи притвор на украинскиот режисер Сентсов


Украинскиот режисер Олех Сентсов.

Судот во Москва му го продолжи притвор на украинскиот режисер Олех Сентсов, кој беше уапсен во Крим и обвинет за заговарање терористички напади. Судот одлучи притворот да му се продолжи до 11 јануари. Сентсов и уште тројца други украински државјани беа уапсени во мај поради сомневање за планирање терористички напади во големите градови на Крим, Симферопол, Јалта и Севастопол.

На 10 септември од Украинската служба за безбедност соопштија дека Сентсов е на листата на луѓе кои ќе бидат разменети за про-руски бунтовници заробени од страна на украинските сили во конфликтот во источниот дел на Украина.

XS
SM
MD
LG