Достапни линкови

Демпси-Потребни се и копнени сили во Сирија


Американскиот генерал Мартин Демпси

Шефот на американскиот Генералштаб, генералот Мартин Демпси изјави дека воздушните напади против милитантите на Исламската држава во Сирија ја нарушиле командата и контролата на групата, како и логистичката способност. Но, според него ќе бидат потребни и копнени сили во Сирија, односно околу 15 илјади војници.

Тој порача дека војниците треба да бидат повлечени од опозициските сили во земјата. Демпси нагласи дека очекува упорна и одржлива кампања против Исламската држава.

XS
SM
MD
LG