Достапни линкови

Борачите се надеваат на четвртфинале на светското во Узбекистан


Настапот во Узбекистан, според селекторот Љуљзим Вренези, треба да послужи пред сè за стекнување искуство на борачите кои прв пат ќе бидат дел од едно големо натпреварување.

Барем едно четвртфинале, а потоа, со малку среќа, по 14-годишна пауза на Македонија да ѝ донесеме медал од врвно сениорско натпреварување во борење слободен стил.

Ние од стручниот штаб, селектор и тренери, очекуваме сите да го поминат првото коло, а јас очекувам најмалку еден од тројцата да влезе во првите осум.
Љуљзим Вренези, селектор на македонската репрезентација во борење.

Со ваква желба македонската експедиција замина на Светското првенство кое од 8-ми до 14-ти септември ќе се одржи во Ташкент, Узбекистан.

Дејан Митров, македонски репрезентативец во борење слободен стил.
Дејан Митров, македонски репрезентативец во борење слободен стил.

Таму, ќе бидеме претставени со тројца борачи - Јасин Реџелари во категорија до 61 килограм, Дејан Митров до 65 килограми и Бобан Данов до 125 килограми, за кои ова ќе биде првиот посериозен тест во битката за обезбедување виза за Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.

Македонија заслужува да биде израдувана со медал од големите првенства и верувам дека може да се постигне голем успех. Јас очекувам пред сè добар ждреб, да се претставиме во најдобро светло, бидејќи физичката подготвеност е на високо ниво, со мала среќа верувам дека Македонија може да има претставник до осмо место.
Дејан Митров, борач.

Имајќи предвид дека исполнувањето на таа цел најмногу ќе зависи од постигнувањата на Европските игри во Азербејџан и на Мундијалот во Лос Анџелес, закажани за наредната година, настапот во Узбекистан, според селекторот Љуљзим Вренези, треба да послужи пред сè за стекнување искуство на борачите кои прв пат ќе бидат дел од едно големо натпреварување, што не значи и дека немаме сили за влез во потесниот светски врв.

„Знаеме дека СП е голема манифестација, а ние одиме со само еден искусен борач како што е Дејан Митров и со двајца дебитанти - Бобан Данов и Јасин Реџелари. Затоа, ние од стручниот штаб, селектор и тренери, очекуваме сите да го поминат првото коло, а јас очекувам најмалку еден од тројцата да влезе во првите осум“, изјави Вренези, кому во работата му помага тренерот од Русија, Николај Корниев.

Најголем адут за висок пласман ќе ни биде Дејан Митров. Тој од почетокот на годинава имаше повеќемесечна пауза поради двете операции на десното рамо. Но, таа повреда сега е минато и, како што вели, на душекот се враќа уште помотивиран и поподготвен за високи дострели. Дека тоа не се празни зборови, потврдуваат успесите на „Македонскиот бисер“ и на Државното првенство каде што го освои првото место, а самодовербата му ја зголемуваат и успешно одработените подготовки во Самоков, Бугарија, дополнети со победи во тест дуелите со потенцијалните противници од Албанија, Шпанија, Мексико... Сето ова говори дека Митров е подготвен за мундијалските искушенија, по кои верува дека може да стане првиот Македонец што освоил сениорски трофеј во борење, од Сиднеј 2000-та и олимписката бронза на Могамед Ибрагимов.

„Македонија заслужува да биде израдувана со медал од големите првенства и верувам дека може да се постигне голем успех. Јас очекувам пред сè добар ждреб, да се претставиме во најдобро светло, бидејќи физичката подготвеност е на високо ниво, со мала среќа верувам дека Македонија може да има претставник до осмо место. Би било тоа голем успех, како за мене лично, така и за државата. Меѓутоа, ако даде Господ, со добар ден, со добра ждрепка, со максимално ангажирање во борбите можеме да очекуваме и висок пласман“, истакна Митров.

Неговиот и настапот на Реџалари се предвидени за вторник, 9 септември, а ден претходно на душекот во Ташкент ќе се бори Данов.

XS
SM
MD
LG