Достапни линкови

Извештај на МААЕ за истрагата на нуклеарната програма на Иран


Седиштето на МААЕ во Виена

Меѓународната агенција за атомска енергија објави мал напредок и неколку неуспеси во последниот извештај за истрагата на нуклеарната програма на Иран. Агенцијата соопшти дека преку сателит биле забележани тековни градежни активности во иранската нуклеарна централа Парчин, каде на инспекторите не им е дозволен пристап.

Од агенцијата соопштија и дека Иран не ги доставил одговорите на прашањата до крајниот рок на 25 август поврзани со сомнежите за развој на нуклеарно оружје во земјата. Иран, како што е наведено имплементирал само три од петте чекори за транспарентност на нуклеарната програма.

XS
SM
MD
LG